Рецензија: Новиот „Џокер“ ќе ве натера да се чувствувате неудобно

„Џокер“ е доказ дека comic book филмовите можат да бидат изработени во различни стилови. Најпрво ќе кажеме дека филмот по жанр е психолошки трилер (18+), односно за многу луѓе може да биде тежок за гледање со убедливо тажна содржина.

Алтернативен origin, односно приказна за како Arthur Fleck станува Џокер, според стриповите немаме видено ваква верзија на ликот па затоа филмот е уникатен во однос на креативноста. Секој можен детал е промислен до конец, исполнет со многу изненадувања кои ќе ве остават неизвесни до самиот крај.

Буквално како течат минутите во филмот, сè повеќе и повеќе почнувате да се соживувате со тоа колку застрашувачки, тажно и реално е опишан ликот. Можеме да кажеме дека кинематографијата на филмот е на врвно ниво, режисерот (Todd Phillips) одлично ја завршил својата работа за да го доведе овој лик во толку добра артистичка слика.

Глумата од страна на Joaquin Phoenix е нешто кое дефинитивно заслужува Оскар, психологијата која владее при играњето на оваа улога е неразбирливо тешка, браво за тоа како глумецот толку повредено и болно ни ја опиша оваа верзија на Џокер, секој момент со глумецот е одигран перфектно.

Поентата на филмот е цврста и ќе ве натера да размислувате, општествените проблеми се причината поради која луѓето имаат лажни вредности за животот, почитувањето е главната алатка за успехот, не осудувајте никого според тоа како ви изгледа или според проблемите што ги има. Ќе разберете зошто кај еден човек се случува тотална анархија, едноставно филмот ќе ве натера да се чувствувате многу неудобно.

Последните 20-30 минути од филмот ќе ве остават со отворени усти! Главното прашање прашање е кој е најдобриот во оваа улога! Heath Ledger е број еден верзија на ликот според неговата глума и поентата која ја долови со одличната динамика на Бетмен, едноставно се соживеа со улогата. Phoenix секогаш ќе ја има најдобрата „Џокер“ приказна со феноменален development на ликот, според глумата ќе биде запамтен на врвното ниво заедно со Ledger.

Без никакви spoiler-и, филмот има голем потенцијал и set up за понатамошни продолженија на приказната иако вака како единствен филм е артистичко ремек дело! 10/10

Пишува Давид Ристовски, Comics.mk