„React 2013“- летен камп за млади

Oд 26 август до 1 септември 2013 година,  во  Плав (Црна Гора) се одржува кампот „React 2013“ чија цел е на младите луѓе да им го доближи новиот профил на НАТО како политичка организација. За учество во кампот може да аплицираат сите млади кои немаат повеќе од 35 години.

 „React 2013“- летен камп за млади

Краен рок за испраќање на апликациите е 20 јуни.  Притоа организаторите покриваат 50 % од патните трошоци за учесниците што доаѓаат од земјите во регионот, а обезбедени се и сместување и храна.

Посебен фокус оваа година ќе биде посветен на животната средина, економијата и туризмот, како и позитивните и негативни импликации врз нивниот развој во Црна Гора во однос на нејзиниот прием во НАТО.