Разрешен е македонскиот претставник во Управниот одбор на РИКО

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски донесе Одлука за поништување на одлуката за избор на младинскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан, Бојана Наумовска.

Од АМС велат дека досегашната младинска претставничка во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка не ги претставувала интересите на целокупниот граѓански сектор, кој се занимава со младински прашања и младински политики во Република Македонија.

Додаваат и дека во изминатиот период се извршил увид во постапката за избор на Бојана Наумовска за член во Управниот одбор на РКМС, со што се утврдило дека постојат низа нерегуларности во поглед на нејзиниот избор и статусот на организациите кои учествувале во работната група (голем број од организациите се со неактивен статус во Централниот регистар и не ги исполнуваат јавно објавените услови).

Од Агенцијата за млади и спорт велат дека работат на целосна транспарентност и вклученост на младите во процесот на одлучување.

Започнува нова постапка за избор на целосно легитимен претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка, во која начелата на транспарентност, инклузивност и независност нема да бидат загрозени.