Размена на облека во кафулето „Олд скул“

По петти пат, во кафулето „Олд скул“ се одржува размена на носена, но сочувана облека.

Правилата се – го носите она што сакате да донирате или вам не ви се допаѓа повеќе, а за возврат организаторите дозволаат ист број на кеси да си земете од она што ви се допаѓа.

Она што ќе остане, ќе биде донирано за оние кои немаат можност да се подноват со облека за Нова година.

Размената започнува од 12, а ќе трае до 18ч.