Размена на најдобри ЕУ практики за имплементација на законодавството од областа на антидискриминацијата

antidiscrimination laws 585_resizeДенска во ЕУ Инфо центарот се одржа завршната конференција на проектот „Размена на најдобри ЕУ практики за имплементација на законодавството од областа на антидискриминацијата“ финанисиран од Европска Унија.

На конференцијата учество земаа Робин Лидел (министер советник, шеф на секторот за политички прашања, правда и внатрешни работи, информации и комиуникацци) Марија Прохаска (директор на Ценатр за економски развој – Софија), Душко Миновски (претседател на комисисја за заштита од дискриминација) и Тамара Димитријевска аналитичар (Центар за истражување и креирање политики).

„Во проектот беше применет повеќестран збир на интервенции за градење на капацитети и подигање на свеста што резултираше со надополнета студија за конзистентноста на националното законодавство со директивите на Европската комисија во областа на антидискриминацијата. Понатаму, во рамките на проектот беше направена опсежна анализа на најчестите случаи на антидискриминација и конечниот исход на проектот резултираше со 10 препораки кои понатаму треба да бидат зземени предвид од институциите.“ – се вели во соопштението

На завршната прес конференција се разви кратка дискусија околку актуеалните случувања во земјата, а акцент се стави на потребата од што повеќе вакви активности и проекти со цел да се допре до повеќе граѓани во насока на нивно информирање бидејќи диксриминацијата, како што беше речено, скоро и да не се препознава. Сугестии како и прашања до претставниците поставија Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права како и претставник од OSCE, Сојузот на синдикати како и присутните претставници на НВО секторот.

Десете препораки се однесуваат на повеќе институции и тоа:

Собрание: да го подобри Законот за Спречување и Заштита од Дискриминација т.е да ја вклучи ‘сексуалната ориентација’ во член 3 од Законот; да ја овласти Комисијата за Заштита од Дискриминација (КЗД) да донесува правно обврзувачки одлуки; да ги појасни овластувањата и ланецот на одговорност помеѓу КЗД и другите тела кои имаат мандат во областа за заштита од дискриминација; да обезбеди соодветни средства за функционирање на КЗД.

Комисјија за Заштита од Дискриминација:  да  го  проучи  искуството  на  меѓународните  вклучително  и Европските комисии; да организира годишни консултации со претставници на граѓанските организации; да иницира национални/локални кампањи еднаш или два пати во годината; да продолжи да се залага за својата професонализација и градење на капацитети вклучително и обезбедување на соодветни ресурси за својата работа.

Централна Власт: да иницира промени на законската рамка која ќе овозможи документација на различните форми на дискриминација; да ги унифицира постоечките закони и подзаконски акти кои се однесуваат на дискриминација; да спроведе специјализирани обуки за својата администрација; да обезбеди поттик за координаторите за еднакви можности на жените и мажите во Министерствата да преземат проактивна улога во борбата против дискриминацијата.

Општински комисии за родова еднаквост помеѓу жените и мажите: да ги унапредат капацитетите за антидискриминација и да преземат активни промотивни мерки за едукација на локалното население за механизмите за заштита.

Судскиот систем: да го подобри постоечкиот систем на евидентирање на случаи и редовно да го ажурира своето познавање на Европските и  националните легислативи, механизмите за имплементација и судските практики во областа на антидискриминацијата.

Приватниот сектор и организациите на работодавачите: да обезбедат конзистентни политики и видливи внатрешни системи за саморегулација со цел спречување на појавите на дискриминација во работната средина; да дозволат документирање и собирање на докази за различни форми на дискриминација на работното место.

Граѓанското општество: да привлечат дополнителни финансиски средства; да генерираат експертиза и да изградат одржливи партнерски коалиции со цел создавање на ефикасен систем за регистрација на случаи на различни основи на дискриминација како да ги споделат истите до КЗД; да бидат во можност да обезбедат правна, писхолошка, социјална и поддршка за ре-интеграција на граѓаните кои се жртви на дискриминаторски дејствија; и да преземат промотивни мерки за едукација на локалното население за механизмите за заштита.

Граѓани: да се запознаат со постоечката национална легислатива за заштита од дискриминација со цел да избегнат ситуации кои можат да придонесат за нивна виктимизација, сегрегација и нееднаквост.

Медиуми: да изградат капацитети за известување за случаите на дискриминација без предрасуди и да пренесуваат информирани и конзистентни пораки кои се однесуваат на дискриминаторски дејства.

Донори: да ја вклучат областа на антидискриминација во нивните портфолија и да поддржат проекти за подигнување на свеста, градење на капацитетите и креирање на партнерства и мрежни иницијативи кои ќе го едуцираат општеството и институциите за различните политички, правни, општествени и човечки аспекти од доменот на антидискриминацијата.