Размена на бесплатна користена облека во Олд Скул

На 18 и 19 февруари (сабота и недела), во кафулето Олд Скул во Скопје ќе се одржи размена на бесплатна „second hand“ облека, а сета облека која ќе остане ќе биде донирана на „Една може“ – Организација на самохрани мајки. Размената ќе трае од 12 до 19 часот.

Сите кои сакаат да однесат облека која повеќе не им е потребна, треба да ја исперат облеката и да ја однесат во локалот. Секој може да си земе парче облека беслатно, под услов да донесе и нешто свое.

Бидејќи преостанатата облека ќе се донира на „Една може“, организаторите повикуваат сите кои имаат облека за деца која веќе не ја користат, да ја донесат за размена или донирање.