„Различноста е во мода“ – кампања за подобрување на меѓукултурното разбирање

Под мотото „Различноста е во мода“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар започна кампања за унапредување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини.

Кампања за подобрување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини

Кампањата ќе се спроведува во општините Тетово, Гостивар, Кичево, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште. Помеѓу останатите активности, во рамки на кампањата е планирано да се креираат „Зони за меѓукултурно разбирање“ во училиштата, кафулињата, јавните објекти и локалните институции.

Кампања за подобрување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини

Од Асоцијацијата најавуваат дека во секоја од општините ќе се организираат бројни културно-спортски активности преку кои ќе се промовира богатата културна традиција на овие простори и прифаќањето на разликите како предност и богатство на едно општество.

Реализацијата на кампањата е поддржана од Британската Амбасада во Скопје.