Вечерва (22 јули) во 19:30 часот ќе започне серијалот „Разговори за театарот во време на пандемија“.
Секој ден се најавуваат по неколку разговори со театарски актери и режисери од македонската државна и од независна сцена, како и професори од Факултетите за драмски уметности.
„Целта е да се слушнат нивните доживувања, мислења и ставови за театарот во време на пандемија. Се надевам дека нивните размисли ќе алармираат, ќе предупредуваат, но и ќе мотивираат и инспирираат и ќе бидат придонес за иднината на театарот“, стои во најавата за серијалот на Фејсбук.
Вечерва, во првото издание, ќе зборуваат режисерите Александар Поповски, Нела Витошевиќ и Ирена Стеријовска.
Разговорите ќе се емитуваат на „Јутјуб“ страницата на „Разговори за театарот во време на пандемија“.