Расте поддршката за писмото за МКЦ, досега потпишани над 350 лица

Расте бројот на потписите на отвореното писмо до премиерот Зоран Заев, преку кое повеќе уметници, културни работници, филмаџии, професори, преведувачи, новинари, активисти… се спротиставуваат на потенцијални промени во уредувачката структура на МКЦ.

Писмото досега наиде на јавна дискусија и различни реакции, негодувања и поддршка за содржината и барањата, а моментално има над 350 граѓани што оставија потпис. Списокот кружи на социјалните мрежи, постојано се дополнува и ревидира, со луѓе што сакаат да бидат додадени во писмото.

Наведено е дека сите потписници го претставуваат својот личен став, а не ставот на организацијата/институцијата од каде доаѓаат.