[Во живо] Протести на Бит пазар за пресудите во „Монструм“

Следете ги на Радио МОФ најновите информации за сите случувања за тековните протести поради пресудите за случајот „Монструм“

IMG_20140711_133321

15: 10

Протестот заврши, демонстрантите се повлекоа кон Чаир. Полицијата полека го напушта реонот околу скопскиот суд.

IMG_20140711_151135

14:50

Демонстрантите почнаа да се повлекуваат од Мавровка кон Бит Пазар. Во неколку наврати беа фрлани камења и дрва кон полицијата.

IMG_20140711_145806 (1)

IMG_20140711_145825 (1)

14:30

И покрај тензичната атмосфера и бројните предупредувања, протестите засега остануваат мирни и се преселија кај ТЦ. Мавровка. Демонстрантите скандираат „УЧК“ „УЧК“ и „Етничка Албанија“ и носат албански знамиња. Нема инциденти. Тие уште еднаш ги повторија своите барања – веднаш да бидат ослободени обвинетите во случајот „Монструм“, да бидат обештетени и прогласени за невини. Демонстрантите исто така бараат обвинителката Гордана Гешковска да даде отказ.

10529451_665306810218080_1361700753_n

14:00

Демонстрантите се приближуваат кон полицијата извикувајќи „УЧК“, „УЧК“. Тензиите растат.

10552002_665298173552277_859414053_n

13: 45

По петочната молитва, голем број демонстранти веќе се собирани на Бит пазар, кај џамијата Јаја паша за најавените протести против пресудите за случајот „Монструм“. Како што јавува репортерката на Радио МОФ на теренот, полицијата во полна опрема и огромен број го обезбедува просторот кај факултетите и скопскиот  суд. Во меѓувреме расте бројот на демонстранти.

Погледнете што во моментов се случува на теренот:

[Во живо] Протести на Бит пазар за пресудите во „Монструм“

Растат тензиите на Бит пазар - силно полициско обезбедување и голем број демонстранти

IMG_20140711_133041

10524878_665295160219245_1928404700_n

10519233_665295716885856_1381220160_n

 

[Во живо] Протести на Бит пазар за пресудите во „Монструм“

IMG_20140711_134655