„Расплаканата Јанела“ ја освои престижната награда „Ворлд прес фото“

Потресната фотографијата на американскиот фоторепортер Џон Мур, со дете мигрант од Хондурас кое плаче додека граничната полиција ја претресува неговата мајка, ја освои престижната награда „Ворлд прес фото“.

Како што соопштити жирито за доделување на наградата, фотографијата на Мур, снимена кога Сандра Санчез со нејзината ќерка Јанела илегално ја преминале американската граница, прикажува еден поинаков вид на насилство, психолошко. Иако американските власти соопштиле дека Јанела и нејзината мајка не се меѓу разделените семејства, од жирито изјавиле дека „јавното негодување резултирало со промена на политиката на претседателот Доналд Трамп минатата година“.

Мур во февруари оваа година повторно се сретнал со Сандра и Јанела, кои сега живеат заедно во Вашинготон додека го чекаат својот датум за рочиште на имиграциониот суд.

Фотографијата е одбрана од 78.801 пристигнати фотографии, направени од 4.738 фотографи. Направена е на 12 јуни 2018 година. Од 1955 година до денес „Ворлд прес фото“ натпреварот важи за моќна визуелна алатка во светот на новинарството.