Распишани конкурсите за државните награди „11 Октомври“ и „22 Ноември“ на Министерството за култура

Министерството за култура ги распиша конкурсите за државните награди „11 Октомври“ и „22 Ноември“ за 2019 година. Конкурсите ќе траат од 1 до 31 мај.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Со државната награда „22 Ноември“ се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој  придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсите се објавени на интернет-страницата на Министерството за култура. Конкурсот за државната награда „11 Октомври“ може да го најдете на следниот ЛИНК, додека Конкурсот за државната награда „22 Ноември“ може да го најдете ОВДЕ.