Распишан конкурсот за уписи на штипскиот универзитет

Распишан конкурсот за уписи на штипскиот универзитетУниверзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип го распиша конкурсот за упис на студенти во прва година во академската 2013-2014 година.

Марија Манева од Центарот за односи со јавност при УГД-Штип денеска информира дека годинава на 13-те факултети има слободни места за 5.068 бруцоши, од кои околу 4.000 за редовни и 1.000 за вонредни студенти.

„Идните студенти имаат можност да бираат меѓу 13. факултети и 100 студиски програми. Ново е тоа што Економскиот факултет ќе отвори дисперзирани студии во Радовиш, а тоа се „Финансиски менаџмент“ и „Менаџмент и претприемништво“, понатаму Технолошко-техничкиот факултет има студиска програма во Кочани, а Земјоделскиот факултет со студиската програма „Рурален туризам“ ќе биде застапен во Берово и Електро-техничкиот факултет има студиска програма во Гевгелија,“ вели Манева.

Правниот факултет е со седиште во Штип, а на Економскиот факултет од оваа година е со седиште во Струмица. Природно-техничкиот факултет има свои дисперизирани студии во Кавадарци, Прилеп, Скопје и Крива Паланка.

Првиот рок за уписите на 13-те факултети и на дисперзираните студиски програма на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе се реализира на 13,14 и 15 август оваа година.