Распишан јавен конкурс за идејно решение за градски плоштад

Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно Детален урбанистички план.

Учесниците на конкурсот имаат за задача користејќи ги елементите од современото и традиционалното наследство да предложат модели на градски плоштад на површина од 3000 квадратни метри.

Содржини кои треба да бидат предвидени и за кои треба да се води сметка се:

– Реконструкција на летна сцена

– Поставување на детски играчки и гумирана подлога за безбедност на децата

– Елементи за скејт парк (за детали за истите може да се информирате и да ги добиете дополнително од општина Делчево)

– Електронски билборд

– Парккинг и простор за велосипеди

– Фонтана

– Јарболи за знамиња (три јарболи)

– Клупи, канти за отпадоци

– Панели за поставување на изложби

– Канделабри за осветлување

Увид на локацијата во Деталниот урбанистички план може да се изврши на www.iopstina.mk или во просториите на Општина Делчево кај лицето Горан Петровски, контакт тел:033 411 550.

Избраното решение ќе биде наградено со вкупен паричен фонд од 10.000,00 денари обезбедени од буџетотна Општина Делчево.

Конкурсот има за цел градот Делчево да добие поубав лик, да се обезбеди локација која ќе биде во функција на туризмот и на привлекување на домашни и странски туристи.

На конкурсот можат да се достават неограничен број на идејни решенија, а право на учество имаат правни и физички лица.

Доставените идејни решенија треба да содржат:

-текстуален опис;

-апроксимативен предмер со пресметка;

-графички прилози од кои може да се добие увид во идејното решение.

Рок за достава на идејните решенија: 7дена од објавата на Конкурсот.

Идејните решенија да се достават на следната адреса: ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ул: „Светозар Марковиќ“ бр.1, 2320 Делчево.

Изборот ќе го спроведе Комисија формирана од Градоначалникот за таа цел и ќе избере 1 (едно) идејно решение.

Општина Делчево го задржува правото да откупеното решение го користи за свои потреби.