Рап составот „САФ“ ги повикуваат фановите да кренат раце горе и да учествуваат во дводеценискиот јубилеј на „Сафизам“

Хип хоп дами и господа!

На 25 април навршуваат 20 години од издавањето на албумот „Сафизам“ на рап составот „С.акам А.фро Ф.ризура“. По скромната промоција што се случи во клубот „Сачмо“ во 2000 година, албумот годинава полни јубилеј од две децении.

Пикисипи, Смилен и Гоце сакаат да прослават на уникатен начин, па ја повикаа публиката да се вклучи во организацијата. „САФ“ ги повикуваат фановите да кренат раце горе и да одговорат на неколку прашања; Колку вистински љубители на САФ и на вистинскиот хип хоп има во Македонија и кои би сакале да бидат присутни на овој настан? Каде би сакале да се одржи настанот? (простор, сала, на отворено…)? Кои гости би биле најсоодветни (најавувајќи дека ќе има и изненадувања)?

Пишете во коментари нивната објава на „Фејсбук“ и бидете дел од оваа скопска ситуација.