Рап битка „Мayday“ во клубот „Хавана“

Во летниот клуб „Хавана“ на 20 мај, со почеток од 19 часот,  ќе се одржува петтата рап битка (battle rap) под наслов „Mayday“.

Организаторите Rap Skillz Makedonija на љубителите на хип хип им најавуваат пет рап двобои на „Маyday“, што значи повик за спас (distress call). „За суштината на културата да се зачува и таа да продолжи да постои за тоа што е наменета има потреба од помош. За таа цел 12 артисти (5 битки) ќе си ги одмерат силите и ќе покажат што знаат и умеат“, велат организаторите.

Помеѓу битките, а и после нивното завршување, свои диџеј сетови ќе имаат  Dj Strajk, Dj OkyDoky, Dj Drazi Dragz, Dj Popeye и Марко Ortographia

Инаку, Rap Skillz е организација/здружение на граѓани/battle rap лига која организира настани по целиот Балкан, а од неодамна постои и во Македонија. Пријавените имаат можност да се натпреваруваат меѓу себе преку форматот на претходно напишани акапела текстови. Натпреварувањето се базира врз три рунди во кои противниците ќе ги покажат своите вештини, па според тоа судиите ќе го одлучат победникот.

Досега, кај нас во 2016 и 2017 година се организираа четири вакви настани во Скопје, Велес, Битола и Куманово.