Иако жените имаат поголеми права и се најблизу до еднаквост со мажите сега повеќе од порано, земјите кои смеат да избираат жени за претставници во нивните законодавни тела, ретко имаат и по 40 проценти жени-пратенички.
Иако жените сочинуваат 50 проценти од светската популација, од сите пратеници на светот, многу мал процент се жени.
Интер-парламентарната унија собрала податоци за жените избрани да бидат пратеници во парламенти, думи, конгреси, комори на заменици и други законодавни тела во светот, според резултатите од изборите.
Според податоците на анализата, најголем број на жени-пратенички има во Руанда – дури 61,30 проценти. Резултатите се земени од последните парламентарни избори во земјата, на 16 септември 2013 година. Веднаш потоа се Боливија и Куба, со 53,1 и 48,9 проценти. Меѓу првите десет држави со најдобар резултат, од европа има само скандинавски земји – Исланд на четврто, Шведска на шесто и Финска на десетто место.
1 |
Руанда |
Датум на избори септември 16, 2013 |
Места во Долен дом 80 |
Жени во Долниот дом 49 |
Процент
61.30% |
Избори за Горен дом 26.09.2011 |
Места во Горен дом 26 |
Жени 10 |
Процент 38.50% |
2 | Боливија | октомври 12, 2014 | 130 | 69 | 53.1% | 12.10.2014 | 36 | 17 | 47.20% |
3 | Куба | февруари 03, 2013 | 612 | 299 | 48.90% | — | — | — | — |
4 | Исланд | октомври 29, 2016 | 63 | 30 | 47.6% | — | — | — | — |
5 | Никарагва | ноември 06, 2016 | 92 | 42 | 45.7% | — | — | — | — |
6 | Шведска | септември 14, 2014 | 349 | 152 | 43.6% | — | — | — | — |
7 | Сенегал | јули 01, 2012 | 150 | 64 | 42.7% | — | — | — | — |
8 | Мексико | јуни 07, 2015 | 500 | 213 | 42.6% | 01.07.2012 | 128 | 47 | 36.70% |
9 | Јужна Африка | мај 07, 2014 | 399 | 168 | 42.1% | 21.05.2014 | 54 | 19 | 35.20% |
10 | Финска | април 09, 2015 | 200 | 84 | 42% | — | — | — |
Македонија е на 39-тото место според оваа ранг листа. Во нашиот парламент на последните избори во декември биле изгласани 38 жени, што пресметано процентуално од вкупниот број на пратеници, е 31,7 посто.
Во однос на тоа пак во кои земји жените-парламентарки се најмалку застапени, резултатите велат дека Катар, Вануату и Јемен немаат ниту една жена во законодавните тела. Катар и Вануату имаат 35 и 52 пратеници следствено, од кои сите се мажи. Во Јемен, од дури 275 парламентарни седишта, ниту едно не го зафаќа жена.
Меѓу земјите со најмала еднаквост во однос на жените и мажите парламентарци, се и Кувајт, Либан, Папуа Нова Гвинеја, Хаити…
Целосната мапа и табела може да се најдат на следниот линк.