Новинари, активисти и граѓани денес ќе се соберат пред зградата на Владата на Црна Гора во Подгорица во знак на протест поради вооружениот напад на новинарката од „Вјести“ Оливера Лакиќ.
Новинарката со години истражувала криумчарење на лажни брендови на цигари во кој биле вмешани полицијата и Агенцијата за национална безбедност.
Во Лакиќ било пукано со огнено оружје на истото место каде пред шест години била брутално претепана.
Главниот и одговорен уредник на медиумот каде таа работи, Михајло Јововиќ нагласи дека ниту еден напад врз Лакиќ не е решен.
„До кога ќе се случува ова во нашата убава Црна Гора? Многу приказни кои ги напишала, а кои укажуваат на криминал воопшто не се истражени. До кога ќе се плашиме од вакви кукавици?“, праша Јововиќ.
Директорот на полицијата, Веско Дамјановиќ вети дека ќе направи се за да го разветли нападот кон новинарката.
„Верувајте дека преземаме се и нам ни е во интерес да го откриеме тоа, секое кривилно дело и секој извршител да ги откриеме. Тоа не се доведува во прашање било да се работи за новинар или некоја друг оштетен граѓанин“, изјави Дамјановиќ.
Во последните месеци, но и многу порано, ранетата новинарка, меѓудругото, пишувала за шверц на цигари.
„На почетокот на 2011 година, таа испитуваше дали фабриката „Тара“ во Мојковац и нејзиниот магацин во Доња Горица произведуваат и складираат шверцувани цигари. Во нејзините статии беше кажано дека полициските службеници и Агенцијата за национална безбедност беа поврзани со оваа незаконска операција. Од февруари 2011 година, целта е нарушена и загрозена, а во март 2012 година беше претепана на истото место како што беше ранета. Иако Иван Бушковиќ конечно беше осуден за напад врз Лакиќ, мотивот никогаш не бил воспоставен, ниту пак наредувачот на нападот. Потоа, неговите пријатели и роднини беа осудени за лажно сведочење, кога тврдеа дека тој играл фудбал со нив вечерта кога новинарката била нападната. И тука заврши сè “, се вели во соопштението од „Вијести“.
Претседателот го осуди нападот
Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ го осуди вооружениот напад врз Лакиќ, посочувајќи дека тоа е напад врз слободата на медиумите, што е една од важните темели на едно демократско општество.
„Претседателот очекува ефикасна истрага која ќе ги открие сторителите и потенцијалните нарачатели со најтешка казна“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, исто така, остро го осуди вооружениот напад врз Лакиќ, која беше повредена во центарот на Подгорица, околу 21 часот во нога со истрел од пиштол.
„Од надлежните барам брза и ефективна истрага која ќе го открие мотивот на напад, напаѓачите, потенцијалните соучесници и нарачателите“, рече Марковиќ.
Директорот на независниот весник „Вијести”, Жељко Ивановиќ, рече дека овој случај не треба да заврши како претходните 24 напади врз новинарите.
Јагланд: Јас сум шокиран од нападот врз новинар во Црна Гора
Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд денеска нагласи дека бил шокиран од нападот врз црногорската новинарка Оливера Лакиќ.
„Јас сум шокиран и тажен поради веста за уште еден напад врз новинар во Црна Гора. Според неколку медиумски написи, новинарката Оливера Лакиќ била ранета пред нејзината куќа во Подгорица. Предупредувањето за овој случај исто така беше објавено на нашата платформа за заштита и безбедност на новинарите“, рече Јагланд.
Работата на новинарите и слободата на медиумите се од суштинско значење за функционирањето на секоја демократија, рече тој, истакнувајќи дека нападите врз новинарите ја напаѓаат демократијата.
„За жал, таквите напади се во пораст. Ова е клучно прашање за Советот на Европа и ние ќе сториме се што можеме за да го спречиме овој опасен тренд“, додаде тој.