Рам Нат Ковинд, припадник на најниската каста е фаворит на изборите за претседател на Индија

Во Индија се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на кандидатот на владејачката коалиција Рам Нат Ковинд, припадник на најниската каста, т.н. „недопирливи“.

Поранешниот гувернер на државата Бихар беше избран минатиот месец за претседателски кандидат на коалицијата околу Индиската национална партија на премиерот Наредра Моди, што се оценува како повеќедецениски настојувања на хиндуистичките националисти да добијат поддршка од заедницата „недопирливи“.

Претседателот на индиректни избори го бираат повеќе од 1.000 членови на сојузниот парламент и законодавни тела на сите индиски држави. Резултатите од изборот за претседател кој во пракса има воглавно церемонијална улога, се очекуваат в четврток.

Ковинд (71) има поддршка од најголемата партија во Индија и се очекува да го победи Меира Кумар, поранешнa дипломатка и пратеник кандидиран од опозициската партија Индиски национален конгрес и нејзини сојузници.

Кумар исто така припаѓа на најниската каста далита, што укажува на изборнo и симболично значење на таа заедница.

Далити се вон традиционалната поделба на индиското општество на 4 касти. Тие се сметале за „нечисти“ и протерувани на маргините на општеството поради што илјадници години живееле во сиромаштија. Програмите спроведени во изминатите 70 години со цел намалување на нивната дискриминација не дале видливи резултати.