„Ракописи 38“ – книжевен конкурс за млади автори од поранешна Југославија

Домот на млади од српскиот град Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори од земјите од поранешна Југославија да испратат свои дела на годинешниот 38-ми по ред конкурс за Зборникот на поезија и кратка проза „Ракописи 38.

Конкурсот ќе биде отворен до 14 февруари, а право на учество имаат авторите на возраст меѓу 15 и 30 години кои пишуваат на јазиците на поранешните екс-ЈУ републики и јазиците на националните малцинства.

Заинтересираните треба да испратат три песни и/или три раскази; песните со должина до 2, а расказите до 3 компјутерски страници (до 7.000 знаци, големина на фонт 12), потпишани со целосно име и презиме, година на раѓање, адреса, број на телефон и e-mail на адресата: Дом омладина, „Светог Саве“ бр. 10, 26 000 Панчево, Србија (со назнака „За Ракописи 38“) или на mail: zbornikrukopisi@gmail.com. Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на конурсот и рокот за испраќање на делата!

„Ракописи 38“ ќе излезе од печат до мај идната година, а кон крајот на мај е планирана и промоција во Панчево, односно дводневен фестивал. На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора кои нема да бидат во можност да дојдат на промоцијата, примероците ќе им бидат испратени по пошта.

Извор: Окно