Радио МОФ@Д Фестивал: Дождот и ветерот не ја згаснаа забавата на првиот ден

Силните и ненадејни врнежи и природното лајт-шоу не спречија голем дел од посетителите на Д Фестивал да уживаат во отворањето на седмото издание. Иако програмата доцнеше поради „тропската бура“ која одеднаш реши да се истури над езерото, забавата изминатата ноќ во Дојран траеше до зори.

Дојран е преполн со намеани лица и облеан со музика, а тоа не може да го спречи ниту дождот. Кампери годинава има најмногу досега, а повеќето пристигнаа да го прогласат своето место под дојранските јавори дури и пред да започне фестивалот, уште во четвртокот.

Сместувачките капацитети се исто така полни – Дојран секое лето на Д Фестивал гледа сè повеќе и повеќе млади и насмеани лица од сите краеви на Македонија.

Музичката програма започна и пред да полнат дождовите – најпрви во Church Stage настапуваа Аmplidyne effect и Vedis.

Потоа, беше отворен и најголемата сцена внатре во самиот камп, Мosquito Stage, со жестоките Sinister, Shock Troopers, Trendkill и Shell Shock.

На отворањето на главната сцена, кое малку задоцни поради обилните дождови кои синоќа ја облејаа југоисточна Македонија, енергијата беше во константен пораст.

Први настапуваа домашните Фанк Шуи кои ја загрејаа измрзнатата и намокрена публика, а вистински ја разгоре рап ветеранот Да Џака Накот.

Потоа следуваа добропознатите С.А.Р.С, кои со своите хитови ја разнежнија публиката, која до почетокот на нивниот настап веќе се множеше.

Веќе докажаниот Кирил Џајковски со TK Wonder неуморно ја забавуваа публиката до 2 часот наутро, а по нив „јаготка на шлагот“ стави и Рони Сајз.

Најнеуморните фестивалџии продолжија на Lake Awake сцената, каде до изгрејсонце ги забавуваа диџеите на Trap da Fuck Up.

Вечерва на Main Stage ќе настапат туарешките блузери од Мали, Terakaft, шведските електронски џезери Koop Oscar Orchestra, како и британците Rudimental со диџеј сет.