Радио МОФ@ Summerjam – триесетто издание на „вечниот” реге фестивал

Позитивна атмосфера и незаборавни настапи на реге великаните го одбележаа триесеттото издание на “вечниот” реге фестивал Summerjam 2015 кој се оддржа во Келн на почетокот на јули. Повеќе од 30 илјади посетители беа дел од јубилејното издание на најголемиот реге настан во Европа и имаа можност да ги видат настапите на Damian Marley, Protoje, Jesse Royal, Popcaan, Tarrus Riley и многу други реге и хип хоп изведувачи.

Првиот ден го одбележа настапот на Jesse Royal кој успеа да ја извлече енергијата од публиката и покрај пеколното време. Popcaan привлече голема публика на главната сцена и успеа да го задржи вниманието со уфрлување на препознатливите фрази време на настапот. По него следеше домашната хип хоп атракција Croсо со имиџот со панда маски и мистериозен настап. По овие настапи публика се упати кон dancehall арената на која шоуто го презема британската легенда David Rodigan.

Бендот од Нов Зеланд Katchafire го отворија вториот ден со својот призвук на џез полека ја загреваа публиката. Следеше Cham кој со својот акустичен звук изведе неколку кавери од Michael Jackson и Eminem. Настап оваа вечер имаше и еден од најдобрите реге вокалисти Tarrus Riley, потоа Groundation, додека сите се спремаа за настапот на Damian Marley. Синот на реге легенда истрча на сцената веејќи големо знаме. Во настапот ги изведе неговите колаборации со Nas пред да го повика на сцената Cham за да ја отпеат новата песна Fighter. По феноменалниот настап публиката се упати кон Danchall арената каде настапија Juglgerzи домашните Sentinel и приредија одличен настап поткрепен со ефекти во боите на Африка.

На третиот ден од фестивалот дождот ја освежи загреаната публика. Под сивото небо се чекаше настапот на Protoje, кој организаторите поради најавено невреме мораа да го одложат. Честа да го затвори фестивалот ја имаше хип хоп легендата Wyclef Jean. Во одличено осмислен настап раперот зборуваше за својот обид за претседател на Хаити, а раскажа и неколку анегдоти од многуте соработки со музичките легенди. За крај организаторите на фестивалот приредија спектакуларен огномет од 20тина минути.

30-тото издание на Summerjam го одбележа жешкото време и преполн фестивал распродаден неколку дена пред стартот. Покрај неколкуте забелшки за техничкиот дел од организација и ова издание помина лудо и забавно.

Мартин Божиноски