[Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал – ден 2] Џез и фанк со доза на психоделија

На вториот ден на 33-от Скопски џез фестивал публиката го имаше задоволството да ги чуе Fire! Orchestra, Nik Bärtch’s Ronin Rhythm Clan во Универзалната сала и Dans Dans во City Hall.

[Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал - ден 2] Џез и фанк со доза на психоделија

Први во Универзалната сала настапија Fire! Orchestra од Шведска кои што за скопската публика направија една „избегана“ презентација на ритмични и вокални способности. Andreas Werliin на тапани покажа едни од најсложените битови изведени на џез сцената, патувајки низ блуз, џез, рок, фанк, метал, панк ритмови, кои беа клучен дел за да се одржи хаосот кој го создаваше 28-члениот оркестар. Иако дел од вокалните демонстрации на контактирање со звуците на вселената и механиката беа премногу хардкор за неизвежбаното уво, сепак Fire! има одлични шарени фанк композиции кои ги разиграа вратовите на сите од публиката.

[Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал - ден 2] Џез и фанк со доза на психоделија

Втори настапија Nik Bärtch’s Ronin Rhythm Clan, кои ги однесоа љубителите на интелигентната музика на одлично minimal-funk-bebop патување. Целиот бенд „изгрува“ низ повеќето џез правци, а и сите кои што се допираат со нив, правејќи една комбинација на различни емоции кои што се продираа низ сите композиции. Bärtch има направено одлична селекција на индивидуалци кои што се доволни за слушање сами по себе (за што си даваа доволно простор меѓусебно), a и исто така знаат да функционираат совршено како тим, секогаш синхронизирани на емоцијата која што ја ‘возea’. И на овој настап мошне забележителен беше перформансот на тапанарот, Kaspar Rast чија способност со инструментот е надвор од сите жанрови (во еден момент наликувајќи на dub, а во следниот преоѓајќи во фанк) и е тешка да се опише со зборови.

[Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал - ден 2] Џез и фанк со доза на психоделија

Последен за оваа вечер беше настапот на Dans Dans во City Hall. Белгиското трио ја просветли публиката (која беше дојдена да ужива во нивниот емпатичен настап) со психоделичен избор на звуци кои што, за жал, во најмеките моменти беа надополнети од дијалошкото музицирање на мнозинството од публиката. Нивниот авангарден настап беше микс на џез компонирање со спој на блуз и психоделија, заокружено со класичен рок. Целосниот тек на музиката која што ја свиреа оваа вечер беше едно директно поврзување на брзина на ритам и избор на звуци со конкретни емоции, од „синило“ до еуфорија.

Н.М.