Радио МОФ на Теранео – Фестивалот ги исполни очекувањата

Цел месец подготовки, вадење пасош по итна потапка, информирање за секој можен аспект за фестивалот и Шибеник третиот (последниот ден) размислував дали беа вредни. За фестивал од ваков карактер сметав дека се потребни повеќе денови за да може поубаво да се почувства.

Меѓутоа концертот што следуваше ме натера да заборавам на сето тоа. Дури и би патувала како што патував 2 дена само за Wu Tang.

Svi na pod беа бендот кој знаев дека мора да го проверам иако не настапува на главната сцена. Одкако неодамна МТV непрекинато ги промовираше, знаев дека разиграноста на нивните звуци е нешто што мора да се чуе. Во малку поопуштена атмосфера ја пренесоа убавата енергија која ја нуди нивната музика.

Од Аква се упатив на Тера  стејџот. Таму Aloe Black со неговата позитвна енергија ја спреми публиката за тоа што следуваше. Пеејќи ги неговите хитови I need a dolar, Green  lights и мојата омилена Loving you is killing me, тој успеа да го пренесе својот „соул момент“ поради која атмосферата беше магична.

И сега дојде моментот кој сите го очекуваа нетрпеливо, само кога се појави логото на Wu Tang публиката подиве, а кога излегоа на сцена во целосен состав, атмосферата се вжешти.

Направија коцерт кој никогаш нема да се заборави и го издигна Теранео како фествал на повиско ниво.

Настапот го започнаа со нивните најголеми хитови, потоа го воскреснаа звукот на „good old hip-hop“.

Повеќе од два часа публикатаги пееше нивните песни. Wu Tang сепак не заборавија да одадат почит на нивниот генијален член Dirty Ol’bastard со минута молк. Без разлика на нивниот обид да завршат бидејќи измина нивното време, публиката повторно упорно ги повикуваше на сцена каде го завршија нивното ”лудило” со легендарната Gavel pit.

Посетителите на крајот останаа без зборови. Потоа се прошетавме и до другите сцени, се до утринските часови кога сфативме дека имаме уште 10 мин да се спремиме за да го фатиме автобусот до Шибеник.

Во тие 10 минути започна бурата која ја најавуваа метеоролозите, па ова беше еден од тие момент кога се радуваш зошто мајка ти ти ставила 3 џемпери.

Ненаспани тргнавме кон Шибеник, па оттаму до Загреб. Поради протестот на фармерите и големата бура автобусот заглави во сообраќајот поради кој за малку ќе задоцневме на автобусот до Скопје, па возачот се јави и ги замоли да не почекаат.

Следните 16 часа до Скопје ги поминавме во неверување за тоа колку прекрасно си поминавме, но и колку кратко траеше.

Во Шибеник преку лето се случуваат 17 фестивали. Од нив Теранео е најпознат.

Сара Миленковска