Радио МОФ ќе го „стрима“ концертот на Дубиоза Колектив на УКИМ

Радио МОФ преку својот YouTube канал ќе врши директен видео пренос од концертот на познатиот босански бенд „Дубиоза Колектив“ кој се одржува на платото  на УКИМ, а како поддршка за окупацијата на студентите.

Покрај „Дубиоза Колектив“ чиј настап е најавен во 14 часот, ќе настапат и Kanton6 заедно со Bernays Propaganda.

„Стримот“ од концертот може да го следите на овој ЛИНК. Следете нè на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и слушајте Радио МОФ.

Се надеваме дека боговите на Интернетот ќе бидат на наша страна!