Радио МОФ дискусија: Безбедни простори за млади во Македонија?!

Меѓународниот ден на младите оваа година се одбележува на темата „Safe Spaces“ – безбедни простори за млади, со посебен фокус на младите од ранливи групи.

По тој повод, Радио МОФ ја најавува панел дискусијата „Безбедни простори за млади во Македонија?!“ во понеделник, 13 август, со почеток во 13 часот. Гости во емисијата се Сефер Селими од „Демокраси лаб“, наставничката Виолета Митовска од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ и Зорица Николова од сигурната куќа за ЛГБТИ лица.

Во емисијата ќе говориме за новиот културен простор за млади во Тетово, за учениците од Шуто Оризари и проектот Рома рок скул, но и за функционирањето и предизвиците на неодамна отворената сигурна куќа за ЛГБТИ лица во Скопје.

Емисијата може во живо да ја гледате на Фејсбук или да ја слушате на www.radiomof,mk.