Радио МОФ @ CINEDAYS: „Duran Duran – Unstaged“

Радио МОФ @ CINEDAYS: „Duran Duran – Unstaged“Филмскиот фестивал Cinedays оваа година се затвори со прикажувањето на концертот на Duran Duran – Unstaged, кој е во режија на реномираниот David Lynch (Twin Peaks, Mulholland Drive). Пред две години беше во живо пренесуван преку Youtube и е визуелно претставување на текстовите на Duran Duran врз нивниот настап во Мајан театарот во Лос Анџелес.

Звукот на самиот концерт е фантастичен, DD изведуваат 16 песни (и 3 на бис), каде што на неколку од нив гостуваат познати музичари како што се Beth Ditto, Mark Ronson, Kelis и Gerard Way. Улогата на Lynch овде е (како што и самиот најавува на почетокот) визуелно прикажување на текстовите од песните, пример Земјината топка на „Planet Earth“, тркало на „Rio“, филмска лента на „Girls on film“ итн.

Радио МОФ @ CINEDAYS: „Duran Duran – Unstaged“

Најголемата дебата која се покренува за концертов е помеѓу фанови на DD и David Lynch. Едните тврдат дека има премногу анимации врз настапот на бендот, додека другата група пак го тврдат токму спротивното – дека има премногу силни кадри од бендот, па анимациите на моменти речиси и не се забележуваат.

Јас сум од тие првите затоа и (секако малку пристрасно) ќе го оценам со 7/10, бидејќи сепак нема ништо подобро од гледање на еден ваков фантастичен бенд пред вас на сцена. Сепак и проекцијата во МКЦ, беше едно интересно доживување.

Николај Митрески