[Радио МОФ @ АстерФест] Портрети за лауреатите и проекција на 17 краткометражни филмови

Програмата на вториот ден на интернационалниот филмски фестивал АстерФест започна со посебен дел наменет за потретите за филмските лауреати Љупка Џундева и Борис Геретс, како и со тивериополските филмски говори одржани во манастирот Велјуса.

IMG_4273Во вториот дел од програмата публиката имаше можност да проследи 6 кратки играни филмови: косовскиот „Аmel“ на More Raca, полските „Birdie“на Ewa Kochanska и „Жар“ на Bartosz Kruhlik, „Гори светот“ на Justin Oakey, британскиот „Девојката што избега (исплашена) од светот“ на Jonnie Hurn и македонскиот „Добро време за умирање“ на Сенад Абдули во кој главната улога ја толкува лично тој.

HeatПоради мајсторски напишаната приказна и жестината на чувствата која ја доловуваат актерите Aleksander Sosinski и Rafal Fudalej, „Жар“ го издвојувам во оваа група како мој личен фаворит. За пофалба беа и актерската игра на Makfire Miftari како Амел во истоимениот филм, и на Elzbieta Sloboda како Марта во „Birdie“.

The last guestВо фокусот на третиот дел од вчерашната програма на АстерФест беа современите кратки филмови од Австрија: „Прв поглед“ на Juliana Neuhuber, „Последниот гостин“ на Markus Engel, „Постмодерни времиња“ на Julia Frick, „Нечуен“ на Siegmund Skalar, „Скок во времето“ на Andreas Reisenbauer и „Сестра“ на Michael Rittmannsberger. Од нив на публиката најмногу и се допадна „Постмодерни времиња“ поради сатиричниот начин на прикажување на проблемите на едно конектирано футуристичко општество. Најдобриот од селекцијата на австриските филмови беше оставен последен, „Последниот гостин“ во кој е претставена извонредно осмислена психичка игра помеѓу двајца најдобри пријатели. Актерите Simon Schwarz и Werner Brix ги отелотворуваат своите ликови многу живописно, што уште повеќе го засилува впечатокот кој го остава целиот филм.Mister Hublot

Последниот блок, звучно наречен Анимоушн, на публиката и понуди 5 анимирани филмови: француските „Г-дин Хублот“ на Laurent Witz и „Литературните мистификации: Како се создава најпродаван автор гуру“ на Joris Clerte, германскиот „Најблиски и најдраги“ на Max Stohr и Michael Sieber, британскиот „Блок“ на Liga Steda и српскиот „Веслач“ на Душко и Лука Сево. Со целината на приказната, прецизната детализација и добрината на самиот г-дин Хублот, истоимениот филм се издвои во оваа категорија.

Јована Ѓорѓиовска