Радио конкурс на тема „Европа во Моето Маало“

Центарот за Mеѓукултурен Дијалог и  MултиКулти Младинско Радио објавија конкурс за радио програми на тема „Европа во Моето Маало“ кој се организира во пресрет на 9-ти Мај – Денот на Европа.

Радио конкурс на тема „Европа во Моето Маало“

Сите кои сакаат да учествуваат треба да испратат аудио-запис во MP3 формат, во времетраење од 10 минути, а како што информира организаторот, содржината може да биде различна, од аудио интервју, колумна, музичка или радио емисија,  па се до радио драма.

Од испратените форми, трите најдобри ќе бидат наградени со вредни награди, а сите творби ќе бидат емитувани на МултиКулти Радио. Повикот е отворен за млади новинари – аматери и професионалци, како и за сите оние што сакаат да кажат нешто повеќе за европските вредности.

Пријави ќе се примаат најдоцна до 1 мај 2013 година на multikultiradio@cid.mk .