Рачно нацртана боенка ја открива убавината на природниот дизајн и златната пропорција

Рафаел Араухо е венецуелски архитект и илустратор, кој со молив, боици, линијар, компас и агломер, создал прецизни илустрации кои ги прикажуваат брилијантните дизајни на природата.

Илустрациите на Рафаел ставаат акцент на „златната пропорција“, означена со грчката буква „ϕ“. Еднаков на приближно 1,618, ϕ се крие во секоја органска спирала, секвенца или пропорција – од морските полжави, до балансираниот размер на крилјата на пеперутката.

Делата на Рафаел се уникатни, бидејќи ги остава недопрени линиите кои ја формираат математичката рамка за неговите илустрации. Секоја од нив му одзема околу 100 часа работа. Неодамна, Рафаел добил барање за печатење на неговите илустрации, за да може да се бои на нив. Оттаму ја добил идејата за уникатната боенка, во која се вклучени некои од неговите најдобри илустрации.

ct-reveals-the-secret-of-natures-beautiful-designs-in-a-hand-drawn-coloring-book8

Извор: Bored Panda