Работните права во медиумите застапени на ниво на статистичка грешка од само 3,5 проценти

Синдикалните права и правата од работен однос се застапени во македонските медиуми на ниво на статистичка грешка од само 3,5 проценти, покажува мониторингот на известувањето на медиумите спроведен од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) спроведен во период од февруари – април 2017 година.

Како што информираат од ССНМ, во временски период од трипати по една седмица или во текот на 21 ден во седумте медиуми што беа следени, објавени се вкупно 2.818 новинарски содржинии, поточно текстови или ТВ-прилози, од кои само 100 се однесуваат на темите во интерес на овој мониторинг.

„Покрај тоа што медиумите речиси и да не известуваат за овие прашања, кога ќе отворат вакви теми, тоа е најчесто површно информирање на јавноста, без да се навлегува во анализа. Анализирани беа и одделните теми што ги опфаќаат овие 100 новинарски производи и резултатот е дека дури 46 проценти од нив, што и во апсолутна бројка е 46 текстови или прилози, се однесуваат на правото на плата, 16 % информираат за теми поврзани со безбедноста при работа, по 13 % ги третираат дискриминацијата и условите за работа, а мобингот, годишниот одмор и отказите се јавуваат во по само три отсто новинарски производи“, анализираат од ССНМ.

Деталните резултати од мониторингот може да се погледнат ТУКА.