Работниците во „Амазон“ штрајкуваат поради недостиг на заштитна опрема за време на коронавирусот

Повеќе од стотина работници штрајкуваат пред зградата во Њујорк, откако многу од работниците биле тестирани и позитивни на COVID-19.

Вчера, вработените во „Амазон“ протестно ја напуштиле зградата во Њујорк, барајќи пристап до заштитна опрема и исплаќање на дополнителни финансии за отштета при работење за време на пандемијата од коронавирусот.

„Бидејќи зградата не се затвора самостојно, ние ќе треба да го воведеме тоа“, изјавил Крис Смалс, главниот организатор на штајкот во Стејтен Ајленд за „ЦБНС“. Тој додал дека работниците нема да се вратат на работните места се додека зградата не се дезифицира.

Штрајкувачите побарале компанијата да ги затвори големите магацини поради темелно чистење, откако биле пријавени многу   работници позитивни на вирусот.

Вчера попладне, Смалс истакнал дека бил информиран дека ќе биде отпуштен од неговата позиција во компанијата.

„Компанијата „Амазон“ порадо би ги отпуштила своите работници отколку да се спротистави на својот неуспех во заштитување на своите работници, нивните семејства и заедниците. Многу сум лут и разочаран, но не сум шокиран. Како и секогаш, „Амазон“ ги крие проблемите под тепихот, наместо да делува и да ги заштити работниците и работничките заедници“, соопштил тој.

Во свое соопштение, компанијата „Амазон“ напишала дека Смалс добил премногу предупредувања бидејќи ги прекршувал советите за социјално дистанцирање и ги доведувал другите работници во ризик, па поради тоа е пратен во платена домашна изолација во рок од две недели откако имал контакт со лице дијагностицирано со COVID-19.

Додека голем дел од САД забранува јавни собири и воведува задолжителна домашна изолација и се потврдуваат големите бројки на заразени и починати лица, Смалс посочил дека голем број од вработените во „Амазон“ биле изложени на контакт со лица позитивни на коронавирусот.

Вработените во магацинот во Њујорк го обвиниле „Амазон“ за слаба комуникација со здравјето на своите работници. Смалс бил сместен во карантин откако имал контакт со инфициран соработник.

Еден од менаџерските асистенти истакнал дека неколку избрани лица кои го сочинуваат тимот на генерални менаџери, и десетици колеги биле информирани за својата дијагноза. Друг работник анонимно соопштил дека во компанијата се штедело на заштитни ракавици.

„Амазон“ ги отфрлила сите обвиненија на Смалс, тврдејќи дека тој соопштувал многу погрешни информации додека седел
во карантинот и ја добивал целосната плата.

Компанијата инсистирала дека презела екстремни мерки за заштита, вклучувајќи длабинско чистење и обезбедување заштитна опрема. Портпаролката на компанијата додала дека „Амазон“ дозволува неограничен неплатен одмор за сите вработени кои не се чувствуваат пријатно да работат во услови на пандемија.

Компанијата би морала да го балансира растот во побарувачката на онлајн достави со зголемениот ризик на кој ги изложува своите вработени. Истражувањата покажале дека коронавирусот може да преживее на картонска или слична површина во рок од 24 часа, додека на пластика се задржувал и до три дена.

„Амазон“ вовела задолжителна дистанца помеѓу вработените и дистрибуирала гелови за дезинфекција во сите свои магацини. Меѓутоа, веќе имало работници позитивни на коронавирусот во 11 различни магацини. Магацинот во Кентаки бил приморан да престане со работа.

Со 800,000 илјади вработени, работниците тврделе дека овие мерки не се почитуваат. Магацините понекогаш биле преполни со луѓе, а илјадници вработени работеле во тесни и мали простории.

Њујорк има најмногу потврдени случаи на коронавирус во САД, со повеќе од 60,000 илјади луѓе позитивни на COVID-19 и повеќе од 1000 починати.

Извор: Guardian