Подобрување на регионалната соработка на граѓанскиот сектор беше повод за организирање дводневни средби, во Штип и Куманово од страна на Центар за меѓукултурен дијалог. На средбите ќе се презентираат резултатите од истражувањето за капацитетите на граѓанскиот сектор во Североисточен, Источен и Југоисточен, статистички регион и ќе се разговара за можностите за поврзување и развивање проекти во пограничниот регион на Македонија и Бугарија.
Најголемиот број од граѓанските здруженија од пограничниот регион со Бугарија работат на локално и национално ниво, додека само една петина од организациите работи на меѓународно ниво. Ваквото одсуството на регионална соработката помеѓу граѓанските организации упатува на слабо познавање на можностите и придобивките од овој вид на соработка, за што зборува и слабата искористеност на фондовите од ИПА програмата за меѓугранична соработка покажува истражување, спроведено за ЦИД од страна на РЕАКТОР.
Истражувањето истакнува дека недостаток на финансиска подршка, нетранспарентна распределба на фондовите од министерствата кон граѓанските здруженија и ниско ниво на подршка од страна на бизнис секторот се најзначајните проблеми со кои се соочуваа граѓанскиот сектор, информираат од ЦИД.
Работните средби во Куманово и Штип се во рамки на проектот NETWESS – „Изградба на погранична мрежа за ефективно и одржливо граѓанско општество”, кој се реализира во рамки на програмата ИПА за меѓугранична соработка (CCI Number 2007CB16IPO007) и се спроведува во партнерство со организацијата Фондација Еврпски Институт – огранок Благоевград.