Работилници за средношколци со екипата од претставата „Илузии“

По успешната онлајн премиера на виртуелната претстава ,,Илузии“ екипата на „Wonderland“ театарот ќе организира работилници со млади каде ќе бидат вклучени неколку младински групи.

Станува збор за разговори во кои режисерката на претставата Нела Витошевиќ заедно со актерската екипа ќе дискутираат со ученици од неколку македонски градови. Темата ќе биде претставата ,,Илузии” како и делувањето на уметниците во виртуелниот простор.

Разговорите ќе се одржат онлајн, на платформата Zoom, во период од 5 октомври до 5 ноември 2020 год.

На работилниците, екипата од театарот ќе ги сподели искуствата за процесот на креирање на претставата „ИЛУЗИИ“ и ќе одгова на прашања, а ќе се разговара за различите пристапи и начини на креативно изразување преку актерска игра, танцување, пишување или свирење, со помош на дигитални алатки. Исто така ќе се прават и вежби за поттик на креативното изразување.

Една работилница ќе има максимален број од 20 учесници, а сите средношколци што сакаат да се дел од работилницата треба да пратат име, презиме и мејл на контакт формата на веб странaта https://wonderlandtheatrem.wixsite.com/website/contact  , по што ќе им биде испратен термин за работилница и линк на кој ќе може да ја гледаат виртуелната претстава „ИЛУЗИИ“.

Пријавувањето трае до 15ти октомври. Проектот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија.