На 25 април (вторник) од 12 до 18 часот е закажано петтото издание на „Станица: Студентска 5.0“. Настанот ќе се одржи во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ во организација на Младински образовен форум, со поддршка од програмата Цивика Мобилитас.
„Настанот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, студенти и останати посетители кои сакаат да посетат предавања кои ретко имаат можност да ги следат на факултетите, да се информираат и зачленат во организации отворени за нив, да учестуваат во работилници и да разменат искуства“, велат од МОФ.
Од таму дополнуваат дека во склоп на „Станица: Студентска 5.0“ ќе има саем на дваесет студентски организации, а покрај тоа ќе се одржат различни предавања и работилници за посетителите и ќе има целодневна чил зона за борд и конзолни игри.
Еве ја целосната програма:
Перон 1:
Саем на студентски организации
Перон 2:
12-13 часот – „Мистериозниот предатор во македонските шуми“ – Истражувачко друштво на студенти биолози
13-14 часот – „Урфашизам“ – Маја Стефановиќ и Зоја Бузаловска, професорки на Факултет за драмски уметности
14-15 часот – „Стрес: Техники за справување со стрес“ – Здружение на студенти по психологија „Психеско“
15-16 часот – „SciFiScience“ – Друштво на студенти физичари
16-17 часот – „Спречување и справување со тероризам“ – Ивана Петковска, Учиме право, МОФ
17-18 часот – „Подем на радикална десница во Европа“ – Марко Кртолица, асистент на Правен факултет „Јустинијан Први “ – Скопје
Перон 3:
13-14 часот – „How to have the BEST time of your life? (есенски курсеви надвор од Македонија за студенти на УКИМ)“ – БЕСТ Скопје
14-16 часот – Работилница за насилство, врски и односи – Хера
16-18 часот – Можности за млади надвор – Национален младински совет на Македонија
Перон 4:
12-13 часот – „Регулација на интернет“ – Драги Рашковски, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
13-17 часот – „Crowdfunding“ – LEAD (Иван Јованов и Илија Станковски)
Перон 5:
Чил зона со борд и конзолни игри
Штандовите на студентските организации на саемот на Станица:Студентска ќе бидат активни од 12 до 18 часот. Посетителите меѓу работилниците и предавањата ќе можат да се реалксираат и во Чил зоната, катче во кое ќе може да се одморат, дружат и играат тетрис, монопол, сони, ризик и други борд и конзолни игри.