Работилници и бесплатни прегледи на „Денови на сексуални и репродуктивни права и лицата со попреченост“

„Сексуалните и репродуктивните права се дел од основните човекови права, но ова како да не важи за лицата со попреченост во Македонија“, велат од ХЕРА. „Во средина без доволно приватност, опкружени со стигма, професионални предрасуди и чудни погледи, лицата со попреченост кај нас мака мачат да ги остварат своите сексуални и репродуктивни права, а сексуалните здравствени услуги и понатаму им се непристапни“, сметаат тие.

Токму за да ги актуелизираат овие прашања меѓу пошироката јавност, но и да ги охрабрат лицата со попреченост да зборуваат и да ги бараат своите сексуални и репродуктивни права, Платформата за унапредување на СРЗП на лицата со попреченост и ХЕРА организираат „Денови на СРЗ и лица со попреченост“. 

Во продолжение, програмата за целата манифестација:

19 октомври (четврток) / 17.00-18.30 ч. / „Даре Џамбаз“ (сала 5)
LET’S TALK ABOUT SEX – Работилница за сексуалност за девојки и жени со попреченост со Јасмина Ристевска
– Работилницата има за цел да сподели искуства и информации поврзани со сексуалноста. Работилницата е бесплатна и од затворен тип, а бројот на учеснички е ограничен. Пријавување кај Јасмина Ристевска (072 585 264) и Весна Матевска (070 813 163) најдоцна до 18 октомври.

24 октомври (вторник) / 15.00-18.00 ч. / Младински центар „Сакам да знам“ – Водно
ДЕН НА БЕСПЛАТНИ ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОШКИ УСЛУГИ И СОВЕТУВАЊА за момчиња и мажи со попреченост (прегледи, советувања, СПИ тестирања, крио-терапија и терапија за СПИ) –
закажете термин на (02) 3176 950.

25 октомври (среда) / 17.00-18.30 ч. / „Даре Џамбаз“ (сала 5)
LET’S TALK ABOUT SEX – Работилница за сексуалност за момчиња и мажи со попреченост со Вангел Тркаљанов
– Работилницата има за цел да сподели искуства и информации поврзани со сексуалноста. Работилницата е бесплатна и од затворен тип, а бројот на учесници е ограничен. Пријавување кај Вангел Тркаљанов (077 666 006) најдоцна до 24 октомври.

26 октомври (четврток) / 15.00-18.00 ч. / Младински центар „Сакам да знам“ – Водно
ДЕН НА БЕСПЛАТНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ за девојки и жени со попреченост (прегледи, советувања, контрацепија, ПАП тестови, СПИ тестирања и терапија за СПИ) – закажете термин на (02) 3176 950.

31 октомври (вторник) / 15.00-18.00 ч. / Младински центар „Сакам да знам“ – Водно
ДЕН НА БЕСПЛАТНИ ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОШКИ УСЛУГИ И СОВЕТУВАЊА за момчиња и мажи со попреченост (прегледи, советувања, СПИ тестирања, крио-терапија и терапија за СПИ) –
закажете термин на (02) 3176 950.

2 ноември (четврток) / 15.00-18.00 ч. / Младински центар „Сакам да знам“ – Водно
ДЕН НА БЕСПЛАТНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ за девојки и жени со попреченост (прегледи, советувања, контрацепија, ПАП тестови, СПИ тестирања и терапија за СПИ) – закажете термин на (02) 3176 950.

7 ноември (вторник) / 12.00-14.00 ч. / „Даре Џамбаз“
РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
– Работилницата ќе ја водат самозастапници од здруженијата СОЛЕМ и РЦПЛИП „Порака“, кои ќе ги опфатат следните теми: приватност, развојни фази и процес на растење и осамостојување. Работилницата е бесплатна и од затворен тип, а бројот на учесници е ограничен. Пријавување кај Искра Росо (078 275 557) најдоцна до 5 ноември.

10 ноември (петок) / 18.00 часот / „Даре Џамбаз“ (сала 1)
ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА И ЈАВНА ТРИБИНА
„Деновите на СРЗ и лицата со попреченост“ ги заокружуваме со проекција на филмот „Сесии“ (The Sessions), кој покрај номинацијата за „Оскар“, во 2013 година доби и признание за најдобар приказ на голотијата, сексуалноста и заведувањето. По филмот, во 19.30 часот ќе следи јавна трибина која ќе ги актуелизира прашањата поврзани со едукацијата за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) и пристапот до услуги за СРЗ за лицата со попреченост, како и општествените бариери поради кои тие не ги уживаат своите сексуални и репродуктивни права. На трибината ќе учествуваат гинеколог, експерт за СРЗ, родител и лице со попреченост кои ќе ги споделат своите професионални ставови и лични искуства.

„Наминете, споделете, раскажете – зашто потребите се човечки, а не посебни“, повикуваат од ХЕРА.