Работилница и натпревар „Моето прво мини-видео”

Во рамките на осмото издание на Фестивалот на француски филм@fff.mk, Францускиот институт во Скопје, фондацијата „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија го отворија повикот за учество на работилницата и натпреварот  „моето прво мини-видео“.

Работилницата ќе се одржи на 20 и 21 мај, од 17 до 20 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр.18) каде посетителите ќе креираат мини-видео со помош на мобилен телефон. Целта на работилницата е подготовка за изработка на сценарио и добивање на технички совети околу реализацијата на кратки видеа.

Предавањата ќе се одвиваат на француски (со превод на македонски), на англиски и/или македонски јазик од страна на француски и домашни предавачи.

Бројот на учесници на работилницата е ограничен на 15, а со изработените видеа ќе земат учество на натпреварот. Право на учество на натпреварот ќе имаат само учесниците на работилницата, кои ќе бидат избрани по затворањето на повикот за учество на работилницата и ќе бидат објавени на веб страната на Францускиот институт во Скопје.

Видеото треба да биде изработено на една од овие три теми:

  • Мојот град и загадувањето: каква иднина?
  • Слобода на изразувањето
  • Еден среќен ден

Работилниците/натпреварот е наменет за студенти од 18 до 28 години, кои говорат француски и / или англиски јазик.

Авторот на награденото 3-минутно видео ќе добие престој во Долна Нормандија.

На 19 јуни 2015, следи уште дополнителна работилница за финализирање на видео-реализациите, селекција на најдобрите видеа и проекција на истите во рамките на Фестивалот на француски филм@fff.mk, на 19 јуни 2015.

Сите пропозиции за понатамошно учество на натпреварот „моето прво мини видео“ ќе бидат објавени на веб страната на Францускиот институт во Скопје www.ifs.mk.

За учество на работилницата/натпреварот „моето прво мини-видео“ треба да се исполнат следните услови:

  • ПОПОЛНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ и испратете го на culture@ifs.mk најдоцна до 15 мај 2015.
  • Следете ја работилницата за да можете подобро да се запознаете со техниките за реализација на кратко видео со вашиот мобилен телефон на 20 и 21 мај 2015, од 17:00 до 20:00 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул: Максим Горки, бр. 18). Работилниците ќе бидат одржани на француски јазик (со превод на македонски), на македоснки и на англиски јазик.
  • Снимете, обработете, монтирајте и прикачете го вашето видео на Youtube (видеата можат да бидат изработени на англиски, македонски, албански или на француски јазик).
  • Следете ја работилницата на 19 јуни 2015 за финализација на вашето видео. Селекција на најдобрите видео-реализации.
  • Проекција на најдоброто видео во рамките на fff.mk на 19 јуни, пред главната фестивалска проекција.