Работилница за млади „Борба против сексистички и хомофобичен говор на омраза”

„Борба против сексистички и хомофобичен говор на омраза“ е темата на работилницата на 14 октомври, која ја организираат учесниците од Битола на осмата Школа посветена на оваа тема и Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).

Од ЦИД велат дека овие млади луѓе сакаат да го споделат искуството и знаењето со што поголем број на луѓе.

„Доколку сакате да научите нешто повеќе на оваа тема, да споделите ваше мислење и став или да дебатирате, бидете заедно со нас на 14 октомври 2020 година во 20 часот на онлајн работилницата којашто ќе се одржи на платформата ZOOM“, велат од ЦИД.

На работилницата можат да учестуваат сите млади луѓе на возраст од 18-30 години.

Претходно е задолжително пријавување на овој ЛИНК.

Овој проект е поддржан од Европската Младинска Фондација на Советот на Европа.