Работилница за мемиња со Александар Ковачевски

Левичарското движење „Солидарност“ организира работилница за мемиња со Александар Ковачевски која ќе се одржи во недела, 6 март, во просториите на здружението.

Работилницата ќе се состои од два дела: теориски и практичен. Прво ќе се разгледува мемето како концепт на нова визуелна култура на отпор и субверзија преку теориско-историски осврт и анализа на постоечки случаи и примери. Во вториот дел од работилницата се најавува практична работа и креирање мемиња. Темите и границите на изразување ќе бидат утврдени на самата работилница.

Работилницата е конципирана како спој од индивидуална и тимска работа. Учесниците на работилницата е пожелно да носат сопствен лаптоп со софтвер за графичка обработка на слики.

Работилницата е отворена е за сите заинтересирани. Учеството е бесплатно, но треба да се најави на ld.solidarnost@gmail.com, најдоцна до сабота.