Работилница за креативно пишување на „Паратисима Скопје“

Во рамки на второто издание на Интернационалнот саем на современа уметност Паратисима Скопје, кој ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје е предвидена работилница за креативно пишување за средношколци.

Целта на работилницата е да ги поттикне младите кои се заинтересирани за пишување дa се насочат во соодветната насока преку која ќе го изградат својот стил. Учесниците ќе бидат вклучени во интерактивно предавање, дискусија, читања и вежби кои ќе им помогнат во истото.

Секој учесник ќе има можност да напише повеќе текстови/песни кои потоа ќе бидат презентирани и објавени, како и да биде дел од два книжевни настани кои ќе се одржат во текот на фестивалот.

Работилницата е водена од млади македонски поети и писатели чија задача е да ви го претстават креативниот процес кој стои зад пишаниот збор.

Конечно, работилницата им нуди оригинална можност на учесниците да се запознаат со поголем дел од спектарот на сцени што моментално постојат во македонскиот книжевен простор.

Потребно е да се испрати име и презиме, возраст, пол, гимназија/средно училиште и број. Конкурсот трае до 5 јуни 2015 година, а пријавувањето може да се направи на contact@paratissimaskopje.mk.