Работилница за изработка на матрици со Велимир Жерновски

Oваа сабота ќе се одржи првата од серијата викенд-работилници во просториите на „Солидарност“.

На оваа работилница ќе се отворат прашања поврзани со родовиот аспект на отпорот преку средствата за визуелна комуникација, со посебен фокус на „stencil art“ или /МАТРИЦА/ преку примери за брзо совладување на техниката и насоки за креативно – колективна акција.

Работилницата е од отворен карактер и нејзината динамика ќе биде дефинирана од самиот процес и учесниците. Во вториот дел, заеднички ќе се селектираат идеи и работејќи во групи ќе се изработат неколку политички ангажирани матрици симболички поврзани со борбата за родова еманципација.

Учеството е отворено за сите, но потребно е секој да се пријави на на ld.solidarnost@gmail.com. Пожелно е оние што ќе ја посетат работилницата да си понесат материјали, идеи или компјутер со соодветен софтвер (Adobe Photoshop).

Настанот е поддржан од програмата „Цивика Мобилитас“ за Република Македонија.