Работилница: What’s in your wallet?

Иницијативата Harmoney при „Младите можат“ организираат работилница со која ќе понудат информации за различните области на финансиите и штедењето. Настанот ќе се одржува на 10 декември (вторник) во 10:30 во просториите на Канцеларија за млади на општина Центар.

Предавач ќе биде Слободан Левковски, е советник за развој на мал бизнис и советник за вработување во проектот “„Програма за обуки за вработување и претприемништво“ на СОС Детско Село, креатор и спроведувач на обуки за претприемништво и бизнис старт ап, изработка на бизнис план и финансиска писменост.

„Младите можат“ подготвија и прирачник за почетници во светот на финансиите.

„Низ него ќе ти помогнеме да ги поставиш темелите на твоите познавања во врска со буџетирање и штедење, плаќање сметки, електронско банкарство како и разликата помеѓу кредит и дебит. Во прирачникот ќе можеш да најдеш совети и факти, добри и лоши страни за секој од концептите како и интересни мали белешки за секоја од темите“, стои во најавата за работилницата.

Таа е отворена за млади над 16 години. Влезот е бесплатен, но бројот на учесници е ограничен така што е потребно пријавување на следниот ЛИНК.