Работилница и проекција на филм за бегалската криза во АКСЦ

Ова е последната од серијата работилници кои ги организира Левичарското движење „Солидарност“ со цел да ја подигне свеста на младите за кризата со бегалците во 2015 година.

Оваа работилница ќе вклучи проекција на аматерскиот документарен филм „Searching for the Exit” на Михал Павласек од Чешка (дел од овој филм е снимен токму во Македонија) и мини дискусија на тема. За време на проекцијата во просторот на Левичарското движење „Солидарност“ ќе примаме предновогодишни донации за бегалците.

Филмот „Searching for the Exit” („Барајки го излезот“) е аматерски документарен филм на младиот чешки активист и волонтер за помош на бегалците, Михал Павласек, кој волонтираше на балканската рута и голем дел од својот волонтерски ангажман го оствари токму во Македонија, во летото 2015 година. Низ неговиот 30 минутен филм тој го прикажува своето доживување на бегалската криза, која ја почувствувал лично, па дури на некој начин и на сопствената кожа!

Организацијата на работилниците финансиски е помогната од германската фондација Schüler Helfen Leben.

Настанот е закажан за понеделник (28 декември), во просториите на Автономниот културно социјален центар – АКСЦ.