Работилница „beRICHER16“ во организација на БЕСТ Скопје

Студентската организација Борд на Европски студенти по технологија – БЕСТ Скопје организира настан под името „beRICHER16“ кој ќе се одржи во Скопје од 21-ви до 29-ти ноември.

Работилницата – be [R]aise [I]ncomes by [C]ooperating [H]onestly with [E]xternal [R]esourses е интерен настан кој се одржува еднаш годишно, каде 20 студенти, членови на БЕСТ од цела Европа имаат шанса да присуствуваат на сесии одржани од интернационални тренери на БЕСТ и да научат многу нешта од областа на fundraising, корисни не само за нив туку и за организацијата на интернационално ниво.

Овие тренинг сесии ќе им помогнат на студентите да ги подобрат своите комуникациски вештини, да научат како да се однесуваат за време на состаноци, да дознаат за најкорисните трикови при телефонирањето и предизвиците од соочување со претставници на компании, како и што се крие во невербалната комуникација. Покрај едукативниот дел, овој настан има и културно значење поради разновидноста на традициите кои со себе ги носат самите учесници од различни земји во Европа.

– БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е интернационална непрофитна и невладина организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Во активностите на БЕСТ Скопје во моментов активно се вклучени 50-тина студенти, а паралелно со активностите се одвива и есенска регрутација за нови членови. Сите кои би сакале да се приклучат на организацијата се добредојдени на состанок секој вторник, во 20:00 часот, во Амфитеатарот на Машински/Феит во Скопје, информираат од БЕСТ Скопје.

Преку организирање на бројни дневни и ноќни активности во Скопје, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со културните и историските обичаи и знаменитости на Македонија, како и да ги разменат сопствените.