„Queens of the stone age“ доаѓаат во Нови Сад на „Рок@Егзит“

Еден месец пред официјалниот почеток на Егзит 2014, организаторите на фестивалот го најавуваат „Рок@Егзит“, еднодневен фестивал со „Квинс оф д стоун ејџ“ како хедлајнери кој ќе се одржи на 11 јуни на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. На него ќе настапат и „Партибрејкерс“, „Ајсбрн“, „Ритам нереда“ и „Репетитор“.

„Queens of the stone age“ доаѓаат во Нови Сад на „Рок@Егзит“

Квинс оф д стоун ејџ“ (Queens of the stone age) ги предводи музичарот, мултиинструменталист, продуцент и „дрти рок“ гуру, Џош Хом, еден од основачите на култниот состав „Кајус“ (Kyuss) и член на бендовите „Иглс оф детх метал“ (Eagles Of Death Metal) и „Дем крукед валчрс“ (Them Crooked Vultures). Бендот ќе го претстави својот последен албум „…Like Clockwork“ објавен во јуни 2013 година кој е шести по ред студиски албум на бендот кој се најде на прво место на „Билборд 200“ листата на најдобри албуми во САД, а доби номинации и за две „Греми“ награди.

На „Рок@Егзит“ фестивалот ќе настапи и бендот кој го симболизира српскиот рок, „Партибрејкерс“. Легендарниот состав во моментов работи на новиот албум „Сиротињско царство“, кој е најавен со песната и спотот „Ситна лова“ пред помалку од два месеци. Еден од највлијателните реге состави во регионот, „Ајсбрн“, покрај своите најголеми хитови, на фестивалот ќе ги отсвири и песните од својот нов албум „Reality Check“, објавен во 2013. година, кој е претставен со сингловите кои веќе станаа хитови „Frontline“ и „Time“.

На Петроварадинска тврдина ќе ги слушаме и „Ритам нереда“ бендот на цврстиот звук, познат по енергичните, жестоки и бескомпромисни концерти како и „Репетитор“ еден од најинтересните нови бендови кои бргу ја освоија публиката со својата жестока свирка, незадржлива енергија и два многу успешни албуми.

Продажбата на влезниците за „Рок@Егзит“ започнува на 4 април, а ограничен број влезници по промотивна цена oд 10 евра, ќе бидат достапни за купување преку сајтот gigstix.com. Остатокот од влезниците ќе се продаваат по 15 евра, односно по 25 евра на денот на фестивалот. Влезот на „Рок@Егзит“ пак ќе биде бесплатен за тие што имаат комплет влезница за Егзит, но услов за нив е претходно да се регистрираат преку Gigstix.

Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на големата осумдневна Егзит авантура кја почнува со „Рок @Егзит“, продолжува со главниот дел од „Егзит“ фестивалот која е закажан од 10 до 13 јули, по што ќе следи „Си денс“ фестивалот од 15 до 17 јули на плажата Јаз.