Путин воведе вонредна состојба откако големи количини на нафта истекле во река на Арктикот

Владимир Путин воведе вонредна состојба откако 20,000 тони од дизел гориво истече во река од округот на Арктикот.

Истекувањето се случило во петокот, откако резервоар за гориво во склоп на електрична централа се распаднал близу гдо градот Норилск.

Плантажата е во употреба од страна на оддел на „Норникел“ чии фабрики во овој регион, го направија градот еден од најтешко загадените места на Земјата.

За време на видео – конференцијата во средата, која се емитувала и на телевизија, Путин го прекорил лидерот на одделот кој е во сопственост на електричната централа, откако надредените истакнале дека компанијата не го пријавила инцидентот.

„Зошто властите открија за овој настан два дена откако се случил? Почнавме да дознаваме за итни ситуации преку социјалните мрежи? Дали сте здрави вие таму?“, истакнал Путин при обраќање кон Сергеј Липин, лидерот на компанијата.

„Норникел“ пак, изјавил дека одделот навремено известила за настанот.

Градоначалниот на Краснојарскиот регион, каде што се наоѓа и градот Норилск му кажал на Путин дека тој дознал за ситуацијата во неделата, поради алармирачки информации споделени на социјалните медиуми.

Путин нагласил дека е согласен за воведување на вонредна состојба поради вклучување на повеќе ресурси за чистење на нафтата.

Рускиот истражувачки комитет кој се занимава со големи злосторства, соопштил дека се отворени три криминални истражувања за овој настан, а во притвор е еден вработен.

Извор: Guardian