Пуси рајот и активистите на Гринпис ќе бидат пуштени на слобода до Нова Година?!

Долниот дом на Русија на парламентот му даде трето читање на нацрт-законот за амнестија, што значи дека членовите на панк бендот Пуси Рајот може да бидат ослободени пред новата година, објави Russia Today. Истото важи и за обвиненијата против уапсените активисти на Гринпис, кои најверојатно ќе бидат отфрлени.

Пуси рајот и активистите на Гринпис ќе бидат пуштени на слобода до Нова Година?!

Замениците во руската Дума едногласно ја поддржале легислативата за амнестија поднесена од страна на претседателот Владимир Путин претходно овој месец за да се совпаѓа со 20-годишнината од Уставот на земјата. Законодавството најверојатно ќе стапи во сила на почетокот на оваа недела, откако официјално ќе биде објавено.

Членовите на Пуси Рајот, Надежда Толоконикова и Марија Алјокина, кои се и предмет на амнестија, може да биде ослободени од затвор до новогодишната ноќ, изјави нивниот адвокат Ирина Крунова за новинарите.

Толоконикова и Алјокина ја отслужуваат двегодишната затворска казна за хулиганство за нивниот перформанс наречен „панк молитва”, во главната катредала во Москва во февруари 2012 година. Третата осудена членка на бендот, Јеактерина Самуцевич, која доби условна казна, исто така е предмет на овој закон за амнестија, изјави адвокатот.

Пуси рајот и активистите на Гринпис ќе бидат пуштени на слобода до Нова Година?!

Законот за амнестија најверојатно ќе ги опфати и 30-те членови на Гринпис, кои беа уапсени во септември, откако организирале протести на една од нафтените платформи на Гаспром во Баренцовото Море, и најверојатно и тие ќе можат да си одат дома. Активистите се во моментов пуштени со кауција и го чекаат нивното судење во Русија.