„Purgatory“ – изложба на Бурџу Мусли во МКЦ

Вечерва со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар во Галеријата 2 ќе биде отворена самостојната изложба насловена „Purgatory“ на визуелната уметничка Бурџу Мусли.

Мусли е апсолвент на Факултетот за ликовни уметности, а со нејзините слики има учествувано на неколку групни изложби.

„На оваа нејзина самостојна изложба повторно ќе се престави со надреалистички арт-колажи, кои за прв пат ќе бидат изложени. Таа, кога станува збор за визуална претстава секогаш е по ‘алтернативното’, маргиналното, бидејки смета дека тоа ѝ дава побогат животен стил. Нејзините сетила за визуелност секогаш се отворени за невообичаеното. Со самото име на изложбата, таа има уникатна дефиниција за што точно се обидува да пренесе од нејзиниот внатрешен свет преку ова име. Токму и тоа ѝ е целта, да постигне
што е можно повеќе да ги ослободи нејзините гости од сивилото на зафатениот и преокупиран живот“, стои во најавата за настанот.

По оваа изложба, да се „исчистат“ сите негативни размислувања и притисоци од различни аспекти на животот, да се почувствува слободата и повторно раѓање на една мотивација за понатаму, се порачува во најавата за настанот.