Задруга Артикултура оваа среда (6 септември) од 20 часот е домаќин на „Punk Recharge 4 Грицко“, настан кој е од хуманитарен карактер.
„На нашиот другар Грицко му е потребна итна трансплатација на бубрег. ‘Со Храна, А Не Оружје’ има помогнато многу. Сега е време да му се помогни него“, стои во повикот за настанот.
Донациите можат да се префрлаат преку овој ЛИНК и на жиро сметката 200003059366897.
„Сите средства кои ќе се продаваат на 6ти – Punk Recharge & Задруга Артикултура директно ги донира. Значи панкери, со секоја купена пијачка од шанкот директно помагате! Ќе има и каси за оние кои сакаат директно да донираат“, велат иницијаторите на настанот.
Ќе настапуваат четири битолски бенда – „3.14 – Промашена Инвестиција“, „Пресен зрак“, „High Voltage“ и „Кактус“. Исто така, најавен е и огнен настап на „Acid Triple“.
„Брату не се откажваме од тебе, не се откажвај ни ти!“, се вели во најавата за „Punk Recharge“.