„Птичариме во парк“ во сабота по четврти пат

Во сабота, на 6 октомври, по четврти пат ќе се одржи настанот „Птичариме во парк“ на кој присутните ќе ги прослават европските денови на набљудување птици во Градскиот парк во Скопје.

Настанот го организира Македонското еколошко друштво (МЕД) и оттаму најавуваат дека, како и на претходните настани, ќе има само две групи, од кои една детска група, предвидена за деца на возраст од 7-14 години и една за возрасни. Групите ќе ги предводат водачи од МЕД.

Заинтересираните треба да се пријават на: http://mes.org.mk/blog/pticharime-vo-park/. Од МЕД на присутните ќе им бидат обезбедени двоглед и формулар, а собирното место ќе биде на Школка во 9 часот.

Од МЕД информираат дека за сите дополнителни информации можете да ги контактирате на birds@mes.org.mk.

[Галерија] Како изгледа птичарење во парк